ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во Главната рунда од СП 2025, што ќе значи и останување во Вараждин и во следната седмица од овој светски шампионат.
„Црвено-жолтите“ ќе ги продолжат натпреварите со Холандија и Унгарија од нашата група, како и со селекциите на ФРанција, Австрија и Катар, кои ќе бидат наши ривали во наредните денови во арената во Вараждин.
Едно е сигурно, време за одмор ќе нема бидејќи Македонија својот нареден меч ќе го има за помалку од 48 часа, во вторник за противник ќе ја имаме Австрија во дуелот закажан за 18 часот.
Во второто коло закажано за 23 јануари (четврток) во 20.30 часот ќе се сретнеме со Катар предводен од Веселин Вујовиќ, а настапот на ова СП го завршуваме со меч против моќната Франција, што на програмата ќе биде в сабота со почеток во 20.30 часот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

