Кузмановски гази – ваков старт на СП имале само Кире Лазаров и уште еден играч во историјата на мундијалите

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Филип Кузмановски игра во животна форма на стартот на овој светски шампионат, а бројките што ги бележи македонскиот капитен се навистина неверојатни.

Со 12-те постигнати гола на денешниот меч Кумановски стигна до бројката од 31 гол по првите три одиграни средби на мундијалот. За споредба, никој досега во историјата на мундијалите нема дадено повеќе од 31 погодок на првите три натпревари,  Кузмановски со оваа бројка е рамо до рамо со Кире Лазаров.

Македонскиот селектор своевремено како играч и во 2009 и во 2017 имаше по 31 гол на првите три средби од овие шампионати, а ваков подвиг во историјата му има успеано само уште на Катарецот Насер ал Сад, кој даде 31 гол на стартните три меча на СП 2005.

Зад Кузмановски останува достигнувањето на Сандер Сагосен од пред четири години, кога Норвежанецот на првите три меча на СП во Египет постигна 30 погодоци, што беше најдобар ефект на еден ракометар од почетокот на оваа деценија. Се додека „Фитиљ“ не почна да ја полни мрежата на Унгарија (десет), Холандија (девет) и на Гвинеја (12 погодоци).

Се вчитува...