Големото срце на Кузмановски – купил 40 билети за македонски навивачи кои немале влезници

Филип Кузмановски, македонскиот репрезентативец своето големо срце го покажа на дело пред мечот со Гвинеја. Првиот стрелец на Македонија на овој Мундијал, купил 40 билети за македонски навивачи за третиот натпревар.

Кога видел дека македонски навивачи нема да можат да влезат на трибините во Вараждин поради немање билети, самиот Кузмановски купил влезници и ги подарил на македонските навивачи.

Голем гест на ракометарот кој има импресивен старт и на теренот на ова светско првенство, и во моментов е најдобар стрелец на нашата репрезентација.

Се вчитува...