Комо и официјално го промовираше поранешниот англиски репрезентативец Деле Али за свој нов фудбалер, откако потпиша договор на година и пол, со можност на продолжување на уште една година.
Тој е уште едно од низата засилувања на овој тим, со цел да се обезбеди опстанок во првата сезона во Серија „А“.
Тренерот Цеск Фабрегас е задоволен од новото име во своите редови.
„Клубот верува во потенцијалот на Деле и е посветен да му помогне повторно да ја открие својата најдобра форма. Неговото искуство и лидерски квалитети несомнено ќе му користат на тимот“, рече Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

