Со победа над Емполи, Интер му „дише во врат“ на Наполи (ВИДЕО)

Интер вечерва на свој терен го победи Емполи, и така му се доближи на лидерот Наполи на три бода, со тоа што „нероазурите“ имаат и меч помалку во Серија „А“.

Актуелниот првак се намачи да дојде до трите бода, и до нив дојде благодарение на головите во второто полувреме.

Лаутаро Мартинез во 55. минута на асистенција на Барела донесе предност за Интер. Во 79. минута Дамфрис го однесе тимот на сигурни 2-0. Сепак, Емполи преку Еспозито брзо врати, и донесе неизвесност во финишот, која ја отстрани Маркус Турам со гол во 89. минута од средбата.

Се вчитува...