Голема е веројатноста дека доминацијата на Манчестер Сити во Премиерлигата ќе заврши оваа сезона со оглед на несвојствената форма на „граѓаните“ кои досега загубија шест натпревари и ремизираа пет. Манчестер Сити заостанува 12 бода од лидерот Ливерпул, но само шест од второто место на табелата на кое е Арсенал.
Со оглед на доминантната игра во последниот натпревар против Ипсвич и убедливата победа од 6-0, многумина сметаат дека најдоброто од составот на Пеп Гвардиола допрва доаѓа. Еден од нив е и Марк Шварцер, поранешниот голман на Мидлсбро, Фулам, Челси и Лестер кој смета дека не само што Манчестер Сити ќе заврши пред Арсенал на крајот на сезоната, туку не се загубени и шансите за титула, но се зависи од Ливерпул.
„Сити дефинитивно може да заврши меѓу првите два тима во Премиерлигата. Само не мислам дека Ливерпул ќе загуби доволно натпревар за Сити да има шанса за титула, но може да заврши меѓу првите два. Мислам дека тимот на Пеп Гвардиола е повеќе од способен за тоа. Имаат сила, имаат способност, знаење и мислам дека ќе завршат пред Арсенал, Форест… Тоа е врвен тим и нема сомнеж дека ќе ја вратат формата“, вели поранешниот репрезентативец на Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

