Манчестер Сити го врати стариот сјај во натпреварот против Ипсвич, совладувајќи го премиерлигашкиот ривал со 6-0 и тоа на гостински терен.
Оваа победа наиде на големо задоволство кај Пеп Гвардиола, шпанскиот стратег кој имаше пофални зборови за неговите избраници велејќи дека ова не е најдоброто што може да го пружи неговата екипа, но е блиску до тоа.
„Навистина сме задоволни од тоа како се одвиваше се. Се вративме на работите што го дефинираа овој тим во последните 10 години. Среќни сме за трите бода и што сме на местото кое води во Лигата на шампиони следната сезона. Секако дека ќе има уште борби до крајот на сезоната.
Можеби тоа не беше нашиот најдобар натпревар, но беше блиску. Се беше многу, многу подобро од претходните натпревари. Нашите фудбалери не заборавија да играат, добро ги знаат своите стандарди и што направија во минатото.
Не се работи само за победи и порази. Мора да уживате на теренот. Не е важно дали сте професионалец или аматер. Можете да бидете во најдобриот театар во Лондон или во театар во Шефилд и луѓето во Шефилд ќе ја сакаат претставата и ќе си одат дома насмеани“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

