Милан повторно ќе се засилува од Челси

Милан е на добар пат да стигне до ангажманот на Кајл Вокер, а англискиот репрезентативец се чини дека нема да биде единствениот кој од Премиерлигата ќе се пресели во Милано.

„Росонерите“ се заинтересирани и за фудбалерот на Челси, Жоао Феликс кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ изминатото лето во трансфер вреден 52 милиони евра, но не ги оправда очекувањата постигнувајќи само еден гол и само една асистенција на 11 одиграни натпревари, во главно добивајќи шанса од клупа.

Феликс би бил идеалната замена за Лука Јовиќ за кој повеќе нема место на „Сан Сиро“, но за реализација на трансферот ќе биде потребно и Милан да одвои одредена сума на пари со оглед на тоа што договорот на Феликс завршува во 2030 година.

Овие два клуба низ историјата реализираа повеќе трансфери. Меѓу последните се Рубен Лофтус Чик, Фикајо Томори, Кристијан Пулишиќ…

Се вчитува...