Првото засилување во ерата на Аморим е „анонимец“ од 40 милиони евра

Првото засилување на Манчестер Јунајтед во ерата на Рубен Аморим се очекува да биде од Лече. Станува збор за Патрик Доргу кој настапува на левата бековска позиција и е трета опција на трансфер листата под Милош Керкез и Нуно Мендеш кои не се достапни оваа зима.

За реализација на трансферот на 20-годишниот Данецот на Манчестер Јунајтед ќе му бидат потребни околку 40 милиони евра, пренесуваат медиумите во Англија.

Доргу е репрезентативец на Данска кој беше промовиран во првиот тим на Лече во 2023 година од младинската школа. Оваа сезона е стандарден првотимец со 20 настапи во Серија А зад своето име.

Се вчитува...