Комо го прегази Удинезе за големи три бода

Комо стигна до презначајни три бода во битката за опстанок откако во 21. коло од Серија А славеше на домашен терен против Удинезе со 4-1 во натпревар во која двата тима останаа и со фудбалер помалку.

Во 5. минута Диао донесе предност за Комо, а веќе до полувремето предноста на домаќините се зголеми на 2-0 по голот на Стрефеза во 44. минута. Пајеро во 50. минута успеа да намали на 2-1, а и покрај тоа што Комо беше прв кој остана со фудбалер помалку по вториот жолт картон на Голданига во 57. минута, гостите не ја искористија предноста.

Во 63. минута Солет заработи црвен картон па силите се израмнија, а Паз во 91. минута ја потврди драгоцена победа на Комо. Во 94. минута Јаник ги постави конечните 4-1.

Со неа Комо стигна до 22 освоен бод, додека Удинезе сега има само четири повеќе.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...