Како што пренесуваат шпанските медиуми, Маркус Рашфорд наскоро би можел да стане нов играч на Барселона. Станува збор за позајмица на шест месеци, додека останатите детали од договорот се уште не се познати попрецизно, односно дали Барселона ќе мора да го купи Англичанецот.
Единствена пречка е буџетот на Каталонците бидејќи ќе треба да направат простор за да преземат 50 отсто од платата на Рашфорд која изнесува девет милиони евра.
Англичанецот е свесен дека е во втор план на португалскиот тренер Рубен Аморим, поради што сака да ја смени средината, иако од англиските медиуми се појавија информации дека не сака да оди никаде.
Рашфорд оваа сезона одигра 24 натпревари за Манчестер Јунајтед, каде постигна седум гола и забележа три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

