Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата, Бостон селтикс стигнаа до убедлив триумф на гостувањето кај Голден Стејт вориорс од 85-125.
Џејсон Тејтум со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените единствен двоцифрен беше Стеф Кари кој мечот го заврши со 18 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Далас 110-105, Хјустон – Детроит 96-107, Мемфис – Минесота 108-106, Њујорк – Атланта 119-110, Кливленд – Феникс 118-92, Њу Орлеанс – Јута 123-119 и ЛА Клиперс – Чикаго 99-112.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

