СОСТАВИ: Се враќа Митев, но мораме без Јагуриновски… мундијалско деби на Петковски

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, направи неколку измени во составот за денешниот дуел против Австрија.

Она што е многу важно за нас, Марко Митев се враќа во тимот откако бекот поради ситна повреда не настапи со Гвинеја, но попладнево ќе може да му помогне на националниот тим. Лоша вест е отсуството на Томи Јагуриновски, десниот бек во последните 48 часа имаше здравствени проблеми, поради што стручниот штаб реши да не ризикува и Јагуриновски денешниот меч ќе го проследи од трибините.

Карасманакис, кој дебитираше со гол на последниот меч со Гвинеја, овојпат нема да биде во тимот, а шанса за мундијалско деби ќе добие крилото Александар Петковски.

Се вчитува...