Играчот на Челси, Ренато Виега зимава најверојатно ќе се пресели во Јувентус. Левоногиот крилен фудбалер кој може да игра и како лев бек, и како стопер и последен играч за врска, би можел да замине во Торино, со цел да има поголема минутажа.
Овој португалски фудбалер пред неколку дена беше на чекор од заминување во Борусија Дортмунд за да ги реши проблемите на тимот во одбраната, меѓутоа сега Јувентус се вмеша во трката, и најверојатно германскиот тим ќе остане со празни раце.
Веига минатото лето пристигна во Челси од Спортинг за 14 милиони евра. Тој би заминал во Јувентус како позајмен играч до крајот на сезоната, со можност за откуп.
Инаку Борусија Дортмунд може да остане со празни раце и за Маркус Рашфорд, кој е пред преселба во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

