ВИДЕО: Шекил го изнасмеа Јокиќ – „Конечно го добиваш појасот на ‘Големите луѓе’“

Веднаш по синоќешната нова извонредна партија на Никола Јокиќ во која запиша и четврти едноподруго „трипл-дабл“ и тоа за само три четвртини, посебно признание за српскиот центар даде и НБА-легендата, Шекил О’Нил.

О’Нил, кој сега е коментатор за ТНТ, во шоуто по мечот уште еднаш потенцираше дека: „Јокиќ е убедливо најдобриот голем играч во лигата. Без конкуренција“.

Па, по натпреварот му посвети и ‘специјална награда’ со која го изнасмеа Јокиќ.

„Како претседател на здружението на големи момци, ти го направив овој појас. Ова е награда за тебе“ – му соопшти О’Нил.

Се вчитува...