Нема иднина во Англија: Гринвуд ќе игра за Јамајка

Фудбалерот на Марсеј, Мејсон Гринвуд наводно одлучил во иднина да настапува за репрезентацијата на Јамајка. Тој има право на државјанство на Јамајка со оглед дека неговиот татко е роден таму.

Тоа ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде оваа репрезентација. Гринвуд нема иднина во репрезентацијата на Англија, по секс скандалот со неговата девојка, и затоа беше отфрлен од „Гордиот Албион“.

Оваа сезона фудбалерот игра во одлична форма, и во 20 меча за Марсеј има 13 гола и 4 асистенции. Тој има настапувано за помладите селекции на Англија, а за сениорскиот тим има еден настап.

Се вчитува...