Гордон Херберт седнува на клупата на Австралија?

Тренерот на Баерн Минхен, Гордон Херберт наскоро би можел да го преземе кормилото на австралиската репрезентација.

Само четири месеци по завршувањето на ангажманот на клупата на германската репрезентација, можно е стручњакот роден во Канада повторно да си ја проба среќата во репрезентативните води.

Херберт е многу заинтересиран за споменатата работа и влезе во потесниот избор на Австралиската кошаркарска асоцијација. Покрај него, претенденти за селектор на „кенгурите“ се тренерот на Атланта Хокс, Квин Снајдер, главниот тренер на Мелбурн Јунајтед, Дин Викерман и поранешните помошници на репрезентацијата, Вил Вивер и Адам Капорн.

Се вчитува...