Наполи тргна по потписот на фудбалер на Борусија Дортмунд

Лидерот во Серија А Наполи ја продаде својата најголема ѕвезда Квича Квараскелија на Пари Сен Жермен. Клубот од Неапол не седи со скрстени раце, туку е желен веднаш да донесе замена, а изборот падна на Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.

Конте сака да донесе адекватна замена за Грузиецот, со што значително би се зголемиле шансите во борбата за Скудетото. Сезонава Адејеми на 13 мечеви во сите натпреварувања постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.

Од летото 2022 година, откако е во Дортмунд на 79 натпревари, постигна 19 гола, а претходно одигра три сезони во Ред Бул Салцбург и постигна 33 гола на 94 натпревари.

Наводно, Наполи е подготвен да плати меѓу 45 и 50 милиони евра за услугите на Адејеми.

Се вчитува...