Јувентус официјално доби француско засилување (фото)

Рендал Коло Муани од денеска и официјално е нов фудбалер на италијанскиот калчолигаш Јувентус. Францускиот репрезентативец во редовите на „старата дама“ пристигнува од ПСЖ на позајмица до крајот на сезоната, но е објавено дали неговиот нов клуб има обврска да го откупи договорот.

Муани во 2023 година го засили ПСЖ од Ајнтрахт Франкфурт за 80 милиони евра, но ги исполни очекувањата постигнувајќи само 11 голови на 54 натпревари. Притоа целосно ја загуби довербата кај тренерот Луис Енрике па оваа сезона отпадна од комбинација за игра.

Се вчитува...