НЕ Е ОД ОВАА ПЛАНЕТА: Неверојатна кошарка на Јокиќ – меч за историја, кош од преку цел терен (ВИДЕО)

Денвер го совлада Сакраменто со 132-123 во „Бал арената“ на синоќешниот меч во НБА лигата кој го одбележа, кој друг ако не, Никола Јокиќ.

Српскиот центар петти пат по ред стигна до трипл-дабл пред последниот дел, а 168-ми во кариерата (150-ти во регуларниот дел, и плус 18 во плеј-офот). Јокиќ за нешто повеќе од 37 минути на теренот постигна 35 поени (12/19 од поле), имаше 22 скока и 17 асистенции, како и две блокади и една загубена или една украдена топка.

Единствено жали што не успеа да стане третиот играч во историјата по Расел Вестбрук и Вилт Чембрлен со натпревар 20/20/20, но сепак го надмина својот соиграч како единствен играч со најмалку два натпревари на кои имаше 20/ 20/15 во последните 40 години. Вестбрук е всушност единствениот покрај него на кој му успеал ваков потфат во посочениот период.

Ова беше воедно и прв натпревар 35/20/15 на кошаркар во најсилната лига на светот од ерата на Чембрлен.

Ќе остане забележан и неговиот кош од преку целиот терен на крајот од третиот период…

Кристијан Браун постигна 21 поен, а Мајкл Портер Џуниор 20 со осум скока. Џамал ​​Мареј постигна 18 поени, шест скока и пет асистенции, а идентичен поентерски учинок оствари и споменатиот Вестбрук, исто така со шест украдени топки.

На другата страна Демар Дерозан постигна 24 поени, но далеку подобар беше Домантас Сабонис со еден помалку, но и 19 скока и осум асистенции.

Нагетс ја забележаа и четвртата победа во низа или 28-ма во сезоната по 44 натпревари. Моментално се четврти на табелата во Западната конференција, додека Сакраменто е осми.

Во следното коло екипата од Колорадо игра на гости кај Минесота, додека Сакраменто патува за Њујорк каде ќе се соочи со Никс.

НБА – РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Портланд 79-101
Атланта – Торонто 119-122
Оклахома – Далас 115-121
Милвоки – Мајами 125-96
Денвер – Сакраменто 132-123
Голден Стејт – Чикаго 131-106
ЛА Лејкерс – Бостон 117-96
ЛА Клиперс – Вашингтон 110-93

Се вчитува...