Леброн го престигна Хаким Олајџувон, Лејкерси го „срушија“ шампионот (ВИДЕО)

ЛАЛејкерс го совладаа Бостон со 117-96 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Лејкерси беа предводени од Ентони Дејвис со 24 поени и 8 скока, Остин Ривс со 23 поени и шест асистенции и Леброн Џејмс со 20 поени, 14 скока и шест асистенции.

Леброн го помина Хаким Олаџувон за седмо место во одбранбени скокови во историјата на лигата. Пред натпреварите му беа потребни шест дефанзивни скока, за да сега дојде до вкупно 9.720 скока во кариерата.

Најефикасни во редовите на Бостон беа Кристапс Порзингис со 22 поени и седум скока, Џејлен Браун со 17 поени и осум скока и Џејсон Тејтум со 16 поени, шест скока и пет асистенции.

Кошаркарите на Далас ја совладаа Оклахома со 121-115 и ја прекинаа серијата од два порази. Во победничкиот тим Спенсер Динвиди постигна 28 поени, Кајри Ирвинг 24 поени, а Пи Џеј Вашингтон имаше 22 поени и 19 скока.

Оклахома, пак, ја прекина серијата од две победи, а најефикасни играчи на тимот беа Џејлен Вилијамс со 33 поени, седум асистенции, четири скока и четири украдени топки и Шеј Гилџес-Александер со 31 поен и седум асистенции.

НБА – РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Портланд 79-101
Атланта – Торонто 119-122
Оклахома – Далас 115-121
Милвоки – Мајами 125-96
Денвер – Сакраменто 132-123
Голден Стејт – Чикаго 131-106
ЛА Лејкерс – Бостон 117-96
ЛА Клиперс – Вашингтон 110-93

Се вчитува...