НБА ги објави стартните петорки за „Олстар мечот“

НБА лигата ги објави стартните петорки за годинашниот „Олстар натпревар“ кој ќе се одржи во Сан Франциско од 15. до 17. февруари.

Српскиот центар Никола Јокиќ е е предводник на тимот од Западната конференција. Тој по седми пат ќе учествува на еден Олстар натпревар, а стартери во неговиот тим ќе бидат и Леброн Џејмс од ЛА Лејкерс, кој ќе учествува на Ол-стар натпреварот по рекорден 21 пат, Шеи Гилџес-Александер од Оклахома Сити, Стивен Кари од Голден Стејт и Кевин Дурант од Феникс.

Тимот од Источната конференција ќе го предводи Јанис Адетокумбо од Милвоки, кој доби најмногу гласови од навивачите втора година по ред, Карл-Ентони Таунс и Џејлен Бренсон од Њујорк, Донован Мичел од Кливленд и Џејсон Тејтум од Бостон.

Како што е вообичаетно, стартерите се избираат врз основа на системот, 50% гласови на навивачите, 25% гласови на медиумите и 25% гласови на играчите. Останатите 14 учесници на Ол-стар ќе бидат избрани од тренерите, а одлуката ќе биде објавена на 30 јануари.

Од оваа година, „Олстар мечот“ ќе има нов формат, со три одиграни натпревари, 24 играчи поделени во три тима, а избрани од Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит. Четвртиот тим ќе го сочинуваат дебитанти и играчи од турнирот „Ѕвезди во подем“. Ќе се одиграат два полуфинални натпревари, а победниците ќе играат во финалето. Натпреварите ќе се одвиваат со брзо темпо, а победник ќе биде тимот кој ќе стигне прв до 40 постигнати поени.

Се вчитува...