Анчелоти за заминувањето на Винисиус во Саудиска Арабија: Моите информации говорат дека…

Во последно време се почесто се поврзува Винсиус со трансфер во Саудиска Арабија, во кој Реал Мадрид ќе заработи неверојатни 350 милиони евра, а Бразилецот ќе стане најскапиот фудбалер во историјата.

Исто така му се нуди и екстремно висока плата, далеку поголема од онаа која ја зарботува во таборот на „кралевите“, и сега се ќе зависи само од фудбалерот дали е подготвен да замине во Саудиска Арабија или ќе сака да освојува уште трофеи со Реал Мадрид.

Свое видување за оваа ситуација имаше и Карло Анчелоти, тренерот на кралскиот клуб.

„Моите информации говорат дека Винисисус е многу среќен тука во Реал Мадрид, и дека сака да освојува уште трофеи со овој клуб“, рече Анчелоти.

Дали оваа изјава ќе ги олади интересите од Саудиска Арабија, ќе покаже времето.

Се вчитува...