Торино го совлада Калјари и ја прекина серијата од пет меча без победа во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Торино ја прекинаа серијата од пет меча без победа во италијанскиот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа над Калјари со 2-0 во премиерниот меч од 22. коло од Серија А.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Адамс уште во 6. минута од натпреварот. Конечните 2-0 беа дело истиот фудбалер во 61. минута. Торино со оваа победа се искачи на 11. место на табелата со 26 бода, додека Калјари останува 14. со 21 бод.

Torino [1] – Cagliari 0: Che Adams (6’)
byu/MaestroTobasco insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...