Кајл Вокер и официјално стана член на Милан откако англискиот ветеран стави крај на успешната авантура во Манчестер Сити по конфликтот што го имаше со Пеп Гвардиола во текот на оваа сезона.
Тој побара дозвола да ги смени клупските бои и на крај доби зелено светло, по што потпиша договор со Милан на позајмица до крајот на сезонава, со можност за перманентен трансфер во текот на летото. Консеисао се мачи со одбраната на „росонерите“ и нема сомнеж дека доаѓањето на Вокер ќе биде од огромна помош за новиот тренер на Милан, а Англичанецот не го криеше задоволството по преселбата во Милано.
„Пресреќен сум и горд што потпишувам за Милан, клуб со толку богата историја што го следам уште од моето детство. За мене е чест што сум овде и едвај чекам да почнам, да го облечам за првпат дресот на росонерите. Почнувам ново поглавје во кариерата со моетео семејство во Италија, авантурата продолжува, голема благодарност до сите кои ми даваа поддршка целиот овој период, на теренот и надвор од него. Се гледаме наскоро“, изјави Кајл Вокер по потписот на договорот со „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

