Талентот на Ајакс пред трансфер во Премиерлигата

Брајан Броби, талентираниот напаѓач на Ајакс по неколку години поминати во холаднскиот гигант се наоѓа пред преселба во лондонски премиерлигаш.

За неговите услуги се заинтересирани лутите ривали Тотенхем и Вест Хем Јунајтед, со тоа што веројатноста да премине во редовите на „чекичарите“ е поголема.

Тотенхем го сака 22-годишниот напаѓач на позајмица до крајот на сезоната, но без обврска за откуп на неговиот договор, нешто на што Холанѓаните не се сложуваат. И Вест Хем Јунајтед бара позајмица до крајот на сезоната, но е подготвен да се обврзе на откуп на договорот со оглед на катастрофалната ситуација во која се наоѓа.

„Чекичарите“ мака мачат со повреди, Антонио, Боувен и Филкруг се надвор од теренот па единствената опција со која располага Потер е Ингс.

Се вчитува...