ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Никола Јокиќ за историја

Никола Јокиќ продолжува да испишува историја во НБА лигата. Српскиот репрезентативец на Денвер Нагетс во последните години е најдоминантниот кошаркар во најсилното првенство, а за тоа говори и фактот дека ги побива статистичките граници.

Јокиќ важи за „трипл-дабл“ машина кој оваа сезона бележи просек од 30.2 поени, 13.4 скокови и 10.1 асистенција по натпревар со кои е на најдобар поентер на првенството, трет најдобар „скокач“ и втор најдобар асистент.

Доминацијата на Србинот ја отслика и НБА лигата со објава на својот официјален профил. Јокиќ досега забележа 150 „трипл-дабл“ учиноци на 713 одиграни натпревари. Тоа значи дека во 21 отсто од натпреварите бележел ваков неверојатен успех, нешто што не му успеало на ниеден друг во долгата историја на НБА.

Се вчитува...