Челси под водство на Енцо Марекса игра одлично и одново претендира за висок финиш во Премиерлигата. Италијанскиот стратег повеќе пати напомена дека неговите избраници не се подготвени за шампионска битка, а сега одново говореше за амбициите.
Како што вели Мареска, за оваа сезона очекувањата се веќе надминати. А, тие биле…
„Планот кој го имаме со клубот е следната сезона да бидеме во топ 4, а по таа сезона да се бориме за титула. Затоа велам дека ги надминавме очекувањата и кога станува збор за играта и кога станува збор за резултатите бидејќи најголемиот дел од сезонава ја поминавме меѓу најдобрите тимови“, вели Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

