Арсенал стигна до значајни три бода во 23. коло од Премиерлигата славејќи на гостувањето кај Вулверхемптон со минимални 0-1 во дуел кој беше одбележан со два црвени картони.
Првиот од нив му беше доделен на Мајлс Луис-Скели, 18-годишниот талент на Арсенал кој во обид да прекиен контра напад на противникот стартуваше на глуждот на противничкиот фудбалер. Црвениот картон наиде на големо незадоволство кај Микел Артета.
„Ми чурат ушите, но вие сметајте како сакате. Бидејќи е преочигледно, но не сметам дека моите зборови ќе помогнат. Сметам дека е многу јасно и не треба да давам коментари денеска. Се надевам дека вистинска одлука ќе биде донесена уште денеска“, изјави шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

