Лидерот не попушта: Наполи со магичен пресврт до три бода против Јувентус

Наполи го забележа седмиот триумф во низа во Серија А откако славеше со 2-1 во дербито на 22. коло против Јувентус и тоа по целосен пресврт во второто полувреме, нанесувајќи и го првиот пораз на „старата дама“ во домашното првенство.

Новото засилување Коло Муани го постигна деби голот во 43. минута носејќи и преднсот на „старата дама“, но во второто полувреме преку Ангиса во 57. минута и Лукаку во 69. минута Наполи стигна до целосен пресврт.

 

Се вчитува...