Кошаркарите на Минесота тимбервулвс забележаа нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа на домашен терен го прегазија Денверт нагетс предводен од Никола Јокиќ со убедливи 133-104.
Ентони Едвардс со 34 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џамал Мареј беше најефикасен со 25 поени.
Лос Анџелес лејкер слава на гостувањето кај Голден Стејт вориорс со 108-118. Најдобар поединец кај победникот беше Ентони Дејвис со 36 поени, додека кај поразените Ендрју Вигинс заврши со 20 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Сан Антонио – Индијана 98-136, Далас – Бостон 107-122, Бруклин – Мајами 97-106, Орландо – Детроит 121-113, Шарлот – Њу Орлеанс 123-92, Њујорк – Сакраменто 143-120, Кливленд – Хјустон 131-135, Атланта – Торонто 94-117, Мемфис – Јута 125-103, Чикаго – Филаделфија 97-109, Феникс – Вашингтон 119-109 и ЛА Клиперс – Милвоки 127-117.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

