Гвардиола за новиот фудбалер: Ќе го заменев и порано, но не знае англиски

Манчестер Сити го победи Челзи со 3-1 во дербито на Премиерлигата. Пеп Гвардиола одлучи на овој меч да играат двајца дебитанти од првата минута. Станува збор за египетскиот напаѓач Омар Мармуш и стоперот од Узбекистан Абдукодир Хусанов.

Хусанов беше речиси трагичар. Тој беше директно одговорен за голот на Челси, а минута подоцна доби и жолт картон. Сепак, ја имаше поддршката од Гвардиола и покрај тоа што го извади од игра во 54. минута.

„Не му е лесно. Еднаш тренираше со нас и веднаш играше против Џексон, Палмер, Мадуек, Санчо… Кога ќе купиш толку млад играч, неговата интеграција и адаптација е процес. Тој ќе научи. Ваквите постапки се најдобрата лекција што може да ја добие еден млад играч. Морам да научам руски или узбекистански за да комуницирам со него. Имено, тој не зборува англиски!“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...