Фудбалерите на Милан славеа со 3-2 на домашен терен против Парма во премиерниот меч од денешната програма од 22. коло во италијанската Серија А.
„Росонерите“ губеа со 1-2 се до 92. минута, а пресвртот стигна на неверојатен начин во судиското надополнување. Сепак, тоа што е чудно е дека по завршување на мечот, имаше инцидент и тоа меѓу тренерот Сержо Консеисао и капитенoт Давиде Калабрија. За среќа, веднаш реагираа останатите фудбалери на Милан кои ги раздвоија лутите Консеисао и Калабрија.
Conceição and Calabria – Fighting
byu/iloveaioliandfries insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

