Кошаркарската федерација на Србија (КСС) го објави датумот на комеморацијата и погребот на Дражен Праја Далипагиќ.
Во саботата во раните утрински часови во болницата „Дражиша Мишовиќ“ во Белград на 74-годишна возраст почина легендарниот кошаркар. Членот на Куќата на славните во Спрингфилд и Куќата на славните на ФИБА почина по долго и тешко боледување од рак на дебелото црево.
„Комеморацијата по повод смртта на нашиот познат кошаркар Дражен Праја Далипагиќ ќе се одржи во вторник на 28 јануари 2025 година со почеток во 10:30 часот во градското собрание на Белград. Погребот на починатиот ќе се изврши на истиот ден во 13 часот и 15 минути пред капелата на Новите гробишта во Белград, во кругот на семејството и пријателите“, се вели во соопштението кое заеднички го потпишуваат семејството Далипагиќ и Кошаркарската федерација на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

