Билбао остана без муниција против Леганес

Фудбалерите на Атлетик Билбао одиграа реми без голови 0-0 на домашен терен против Леганес во натпревар од 21. коло од шпанската Ла лига.

Баскијците иако беа далеку подобар тим на овој меч и успеаја да упатат дури 27 шутеви кон голот на противникот, гостите беа дојдени да освојат бод и успешно се одбранија во сите 90 минути, сочувувајќи чиста мрежа.

И покрај ремито Билбоа изби на третата позиција на табелата со бод повеќе од Барселона, но и со натпревар повеќе бидејќи Каталонциве вечерва ќе се сретнат со Валенсија.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...