Поминаа точно пет години од фаталната хеликоптерска несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и уште седум други лица.
Пет години подоцна, наследството и влијанието на Брајант сè уште се чувствуваат во многу сфери на животот.
Иако многу се пишуваше за фаталната несреќа, сè уште е тешко да се разберат околностите што доведоа до загуба на девет животи на 26 јануари 2020 година.
Меѓу починатите беа Брајант и неговата ќерка Џиџи. Бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса; Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон, кошаркарскиот тренер Кристина Маузер и пилотот Ара Зобајан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

