Фудбалерите на Барселона стигнаа до нова победа во шпанското првенство откако вечерва ја прегазија Валенсија на домашен терен со 7-1 во натпревар од 21. рунда во Ла лига.
Каталонците почнаа фуриозно и веќе во 3. минута поведоа со 1-0 со голот на Френки де Јонг. Само пет минути подоцна беше 2-0 со погодокот на Феран Торес. Во 14. минута Рафиња зголеми на 3-0, додека во 24. минута со голот на Фермин Лопез беше и 4-0.
Истиот фудбалер стрелаше и во судиското надополнување во првиот дел за 5-0. Гостите намалија на 5-1 преку Дуро во 59. минута. Нов гол за Барселона (6-1) постигна Роберт Левадовски во 66. минута, додека на 7-1 Барса зголеми со автоголот на Тарега.
Barcelona [5] – 0 Valencia – Fermín López 45+4'
byu/CivillyWalk757 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

