Фиорентина го освои „Олимпико“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина стигнаа до голема победа на „Олимпико“ откако славеа против Лацио со 1-2 во последниот натпревар од денешната програма од 22. коло во италијанската Серија А.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Адли во 11. минута. Во 17. минута беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Белтран. До крајот на мечот за издвојување е црвениот картон кој го доби стрелецот на првиот гол за Фиорентина, Адли во 64. минута, како и почесниот погодок на домаќините (1-2) на Марушиќ во 92. минута.

Lazio 0-2 Fiorentina – Lucas Beltran 17'
byu/MeladroitsTV insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...