Ван Дајк ги загрижи навивачите на Ливерпул: Не знам уште колку натпревари ми останаа

Ливерпул го продолжи победничкиот поход во Премиерлигата славејќи и на средбата против Ипсвич за 16 победа во елитниот англиски фудбалски шампионат.

Натпреварот го одбележа и јубилеј. Капитенот Вирџил ван Дајк го одигра 300 натпревар во дресот на „црвените“, но ги загрижи навивачите со изјава по крајот на средбата наговестувајќи дека преговорите за продолжување на соработакта која завршува со крајот на сезоната не се одвиваат по најдобар пат.

„Многу сум горд. Моето семејство и моите деца беа овде, така што беше посебен ден. Можеби ќе добијам чаша црвено вино вечерва само за да прославиме, јас и мојата сопруга. Но тоа е тоа. Фокусот е на следниот натпревар. Ќе има еден ден кога ќе размислам за се што ми се случи во Ливерпул. Тогаш ќе имам соодветно размислување за тоа што се истакнува.

Се надеваме дека има уште добри работи што следат. Немам идеја (уште колку натпревари ќе одигра). Колку останаа оваа сезона? Се надевам дека тие се загарантирани и потоа не знам што ќе донесе иднината“, изјави холандскиот стопер.

Се вчитува...