Белгиската полиција потврди дека го уапсила поранешниот белгиски репрезентативец, Раџа Наинголан поради основано сомневање дека се занимавал со шверц на дрога.
Само неколку дена откако се врати во Белгија да игра фудбал во второлигашот Локерен, Наинголан „падна“ во акција на белгиската полиција која уапси организирана група криминалци.
Според првичните информации Наинголан е уапсен поради учество и помагање во шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа преку пристаништето Антверпен. Полицијата упаднала во неговиот стан и автомобил и пронашла докази кои довеле до апсење на Наинголан.
Ова не е првпат поранешниот белгиски репрезентативец да биде поврзуван со дрога, а неодамна беше виден како излегува навечер со луѓе кои веќе беа осомничени за такви дела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

