Ајзеа Томас ќе се бори за ветерански договор во НБА преку развојната лига

Искусниот НБА ветеран Ајзеа Томас одново ќе бара ангажан во најсилното кошаркарско првенство преку популарана „џи-лига“ која во најголемиот дел од случаите важи за развојно првенство.

Триесетипетгодишникот кој последниот НБА договор го имаше со Феникс повторно ќе настапи за Солт Лејк Сити Старс, филијалата на Јута Џез и со добри настапи таму ќе бара ветерански договор во елитата.

Во текот на 12 годишната НБА кариера, Томас настапуваше за 10 различни тимови. Покрај Феникс ги бранеше боите и на Сакраменто, Бостон, Кливленд, ЛА Лејкерс, Денвер, Вашингтон, Њу Орлеанс, Далас и Шарлот.

Се вчитува...