Гершон Јабуселе „мета“ на претенденти за титула

Гершон Јабуселе по успешните настапи за Реал Мадрид се врати назад во НБА лигата потпишувајќи договор со Филаделфија каде веднаш се наметна како одлична принова постигнувајќи просек од 10.3 поени и 5.5 скокови по натпревар.

Францускиот репрезентативец со тоа го привлече вниманието на тимовите кои претендираат за шампионски прстен кои во последните десет дена од „трејд“ периодот целат кон дополнување на ростерот.

Со оглед на тоа што Филаделфија игра сезона за заборав, раководството на клуб ги разгледува опциите за иднина па нема да биде изненадување доколку 29-годишникот е еден од оние кои ќе ја промени средината во следниот период.

Се вчитува...