Чикаго за „ситно“ го „трејда“ Никола Вучевиќ

На десет дена пред крајот на „трејд“ периодот во НБА лигата актуелен во медиумите повторно е искусниот црногорски центар Никола Вучевиќ. Чикаго се обидува да се реши од услугите на 34-годишникот со цел подмладување на составот и да добие финансиско олеснување па е подготвен да реализира и трампа за само еден драфт пик од првата рунда.

Вучевиќ игра одлична сезона бележејќи „дабл-дабл“ учинок од 20.1 поен и 10.3 скокови дополнет со 3.4 асистенции по натпревар, но Чикаго е на само десеттата позиција на табелата во Источната конференција.

За Црногорецот постои интерес од Лос Анџелес Лејкерс каде би му бил од огромна помош на Ентони Дејвис. Доколку го реализира трансферот тоа за него би бил четврт тим во НБА. Претходно настапуваше и за Филаделфија и Орландо.

Се вчитува...