Вокер: Кога разговарав со Пеп не беше пријатно

Поранешниот капитен на Манчестер сити, Кајл Вокер и официјално беше претставен како нов играч на Милан.

Искусниот десен бек му се приклучи на италијанскиот гигант на позајмица, со опција за траен откуп. Преселбата во Милан му носи можност за поголема минутажа и освежен предизвик во последната фаза од кариерата.

На прес-конференцијата Вокер отворено зборуваше за заминувањето од Манчестер сити и за последниот разговор со Пеп Гвардиола.

„Очигледно беше дека ситуацијата во Манчестер сити не е добра и дека не играв колку што сакав. Дојдов во големиот клуб Милан, со надеж дека ќе играм повеќе отколку во Англија. Сакам да освојувам трофеи. Кога разговарав со Пеп, не беше пријатно. Сè што тој освои во Манчестер Сити, освоив и јас. Се почитуваме, а тој знае колку значам за соблекувалната“, изјави Вокер.

Се вчитува...