Залуден трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер од Чикаго (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс не ја искористија новата феноменална партија на Никола Јокиќ, откако синоќа загубија на гостувањето кај Чикаго булс со 129-121 во еден крајно интересен натпревар.

Никола Јокиќ повторно имаше неверојатна партија која ја заокружу си трипл-дабл учинок од 33 поени, 12 скока и 14 асистенции, но и тоа не беше доволно за победа на клубот од Колорадо. Кај победникот најефикасен беше Зек Лавин со 21 поен.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Кливленд 91-110, Шарлот – ЛА Лејкерс 107-112, Торонто – Њу Орлеанс 113-104, Њујорк – Мемфис 143-106, Мајами – Орландо 125-119, Бруклин – Сакраменто 96-110, Бостон – Хјустон 112-114, Минесота – Атланта 100-92, Далас – Вашингтон 130-108, Јута – Милвоки 110-125 и Феникс – ЛА Клиперс 111-109.

Се вчитува...