Бразилскиот фудбалер Нејмар го раскина договорот со Ал Хилал од Саудиска Арабија. Овој 32-годишен фудбалер како големо засилување во 2023 година пристигна во Ал Хилал од Пари Сен Жермен за 90 милиони евра, но за две години успеа да одигра само седум натпревари.
Нејмар долго време беше надвор од терените поради повреда, па никогаш не успеа да ги оправда огромните пари кои Саудијците ги вложија во него.
Имаше плата од 150 милиони евра годишно, а иако не пружи ништо на теренот, може да се каже дека му помогна на клубот да се наметне на меѓународна сцена.
„Клубот му изразува благодарност на Нејмар за сето она што го пружи во текот на неговата кариера во Ал-Хилал и му посакува успех во неговата понатамошна кариера“, се вели во краткото соопштение на Ал Хилал.
Медиумите веќе со денови пишуваат за враќањето на Нејмар во Сантос. Бразилскиот фудбалер имаше договор со Ал Хилал на уште седум месеци, но одлуката за раскинување на соработката е донесена меѓусебен договор на двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

