Манчестер Јунајтед повеќе од две децении наназад носеше врвни засилувања, но доаѓањето на новата управа на чело со Ретклиф очигледно ја промени и филозофијата на фудбалскиот пазар што ја има најтрофејниот англиски клуб.
Така, трансферите сега се крајно лимитирани, па иако екипата се наоѓа во огромна резултатска криза, Аморим ќе нема премногу пари за нови фудбалери во овој преоден рок. Затоа, клучното засилување на Јунајтед на почетокот од 2025 ќе дојде од италијанскиот прволигаш Лече, со кого „црвените ѓаволи“ се многу блиску до постигнување на целосен договор.
Станува збор за Патрик Доргу, офанзивен бек на екипата на Лече кој уште пред еден месец беше „пикиран“ како идеално засилување за Аморим. Португалецот даде зелено светло, но Јунајтед се мачеше да најде заеднички јазик околу висината на отштетата. Италијанските медиуми тврдат дека конечно е направен чекор напред, Лече начелно ја прифатил понудата од вкупно 38 евра, а се очекува да се средат само уште некои детали пред Доргу да добие зелено светло за да замине за Манчестер, на лекарски прегледи и потпис со „црвените ѓаволи“.
Личните детали за договор на пет и пол сезони се веќе договорени, па Доргу во следните 48 часа би требало и официјално да стане нов член на Манчестер Јунајтед.
Скаутите на Лече заслужуваат апсолутни пофалби за пронаоѓањето на овој фудбалер, кој на 19-годишна возраст во 2022 беше доведен во младинската академија на италијанскиот клуб за 200.000 евра од дански Нордсјиланд. Две и пол години подоцна, Лече ќе го продаде Доргу за вкупно 38 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

