Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ нема да потпише нов договор со Јувентус, пренесува „Газета дело спорт“. Пред точно три години тој пристигна од Фиорентина за 70 милиони евра, а доколку нема изненадувања во последните денови од преодниот рок, до понеделник Влаховиќ и Јуве ќе треба да се обидат да коегзистираат уште шест месеци. Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, па доколку не си замине сега, најреална опција е тоа да го направи на лето, и поради високата плата (во моментов заработува 10,5 милиони годишно), и поради тоа што Јуве ќе се обиде да заработи од неговиот трансфер.
Оваа сезона беше доста турбулентна за српскиот напаѓач, кој постигна 12 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања.
Претходните дербија против Милан и Наполи ги започна од клупата за резервни фудбалери и влезе во финишот на натпреварите, а се чини дека Тиаго Мота планира да му даде повеќе шанси на новајлијата од ПСЖ, Рандал Коло Муни.
Влаховиќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиерлигата, од каде има понуди од Челси и од Манчестер јунајтед. Претходно, тој имаше на маса богата понуда од Саудиска Арабија, но Србинот јасно стави до знаење дека планира да остане во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

