Манчестер сити се соочува со огромна казна ако биде прогласен за кршење на финансискиот фер-плеј, обвиненија со кои се соочува веќе подолго време.
Според пишувањата на англиските медиуми, Сити би можел да остане без дури 40 бодови, што би бил огромен удар за еден од најдобрите англиски клубови.
Не се размислува за казна од типот на преселба во понизок ранг, но и одземањето на 40 бода ќе значи пад на последното место од табелата со само еден бод (во моментов имаат 41 бод).
Добро е познато дека Манчестер сити има вкупно 115 обвиненија за кршење на финансискиот фер-плеј. Наскоро се очекува пресудата за целиот случај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

