Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар, по долги години светско фудбалско патување, повторно се врати во својот Сантос каде пред 16 години ја почна својата професионална кариера.
Откако заврши со Ал-Хилал, во договор вреден 100 милиони евра годишно, се врати во својот поранешен клуб, и тоа со спектакуларно претставување пред преполниотстадион, во атмосфера која го расплака Бразилецот.
Нејмар одлучи да се врати во Сантош откако тренерот на Ал-Хилал, Жорж Жесус, неодамна соопшти дека клубот нема да го регистрира за вториот дел од сезоната во Саудиска Арабија, затоа што, како што рече, „Нејмар не може повеќе да игра на нивото на кое сме навикнати“.
Нејмар својата кариера ја почна во Сантос, од каде во 2013 година се пресели во Барселона, каде што освои сè што можеше. Четири години подоцна, со рекорден трансфер од 222 милиони евра премина во ПСЖ, со кој освои пет француски титули. Минатото лето, за 90 милиони евра, се пресели во Ал-Хилал, но поради повреда на лигаментите одигра само седум натпревари и постигна само еден гол.
🏡 Neymar evine döndü!
— NutSpor (@nutspor) February 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

